Жените ги изневеруваат своите партнери од многу причини. Ги издвојуваме најчестите пет поради кои им на мажите им „набиваат рогови”.
Првата причина за неверството е доколку жената се чувствува потценето и доколку партнерот ја игнорира. Жените кои се чувствуваат како чистачки, слугинки во својот дом, како личности кои го издржуваат семејството или како дадилки повеќе отколку како девојки или сопруги, почесто бараат внимание и почит на друго место.
Причина за неверство може да биде и недостатокот на интимност, бидејќи жените сакаат да делат поврзаност со своите партнери низ несексуална емотивна интеракција, како што се допири, бакнежи, галење и слично. Незадоволството од партнерот кај жените раѓа потреба да пронајдат друга врска.
Со неверствата се полнат празнините во животот
Досадада и осаменоста исто така се причини за неверство. Доколку жените се сами подолг временски период, почнуваат да мислат дека во нивниот живот нема ништо значајно, па поради тоа се склони кон повремени сексуални или романтични афери. Затоа, не е реткост жените да ги изневерат кои се подолго време на работа во странство.
Некои жени имаат нереални очекувања од долгогодишните партнери или сопрузи, а кога ќе се разочараат, барањето внимание на друго место го сметаат за оправдано.
Жените може да страдаат и од пореметување на интимноста. Траумите од детството или сексуалната злоупотреба често доведуваат до неверства. Константноста и чувството на важност може да го бараат низ интензивна романтична или сексуална активност.