Коментирајќи го обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула Фор де Лајен во македонското Собрание, професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук напиша:
“Ајде сега Урсула Фор де Лајен да отиде во бугарскиот Парламент и да го каже истото ова што го кажа во македонскиот“, предлага професорката Најчевска откако шефицата на ЕК од говорница во македонскиот парлемент тврдеше дека јазикот кој се говори во земјава е македонски, дека се почитува идентитетот, дека историските прашања не се услов за преговорите на Македонија со Унијата.