Средбата помеѓу претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, за професорката по право Мирјана Најчевска е неприфатлива.
„Се додека претставниците на ЕУ комуницираат со мафијата и се потпираат на мафијашите во Македонија, ние не можеме да излеземе од ќенефот. Изгледа на Хан му е чест да разговара со Капи де тути капо на мафијата во Македонија. И си напишале заеднички јазик. Јазикот на криминалот“, напиша Најчевска.