Професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил ја искоментира веста за лекувањето на владиците Петар и Агатангел од ковид-19 во една од приватните болници. Како што таа напиша, владиците покажале „недоверба кон шефот“.
„Прво, држи кревет на некој на кој навистина му треба. Второ, покажува апсолутна недоверба кон шефот. Трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“, искоментира Најчевска на Фејсбук.
Инаку, владиката Петар и Владиката Агатангел се хоспитализирани откако биле тестирани позитивни на ковид-19. Владиката Петар рекол дека не бил на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е хоспитализиран пред некој ден.