„Македонија одамна не е држава а веќе не е ни вукојебина. Таа е обична спрдачина која може да служи само за потсмев.
Се продава државата на странци како акт на патриотизам, министер им наредува на директори да одат на болување, договор објавен во Службен весник требало да биде запишан во МТСП, министерката за култура шкрта и преправа бод листи на комисијата која дава предлози за финансирање, државата финансира концкарници, криминалците кои крадат државни пари се помилуваат, функционерите си делат плати и тендери, секоја будала станува државен службеник, судиите се караат кој е поголем криминалец меѓу нив, партиите си ставаат уставни судии задолжени да ги штитат, се градат споменици и се виорат знамиња опкружени со смет и фекалии, а мафијата слави роденден на шефот во просториите на Владата.
Ситуацијата е безнадежна но никако не и сериозна“, напиша Најчевска.