“НАЈХРАБРИТЕ ЖЕНИ НА СВЕТОТ“: Храбри Авганистанки протестираа во центарот на Кабул (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Храбри Авганистанки протестирале денеска во центарот на Кабул,  барајќи ги нивните права – и Талибанците биле изненадени од нивната храброст.
Во видеото споделено денес на социјалните мрежи, честопати со натпис „Најхрабрите жени во светот“, четири жени стојат на улица со транспаренти, опкружени со вооружени Талибанци.
„Тие едноставно ги бараат своите права, право на работа, образование и учество во политика. Право да се живее во безбедно општество. Се надевам дека повеќе жени и мажи ќе им се придружат“, напишал новинарот Масих Алинеџад, кој видеото го сподели на Твитер.

„Се’ што постигнавме со години и нашите основни права не смеат да бидат загрозени“, рекла една од актерките.

Инаку, откако Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан и многу девојки и жени се на пат да станат робинки. За само неколку недели, атмосферата на нивниот брутален режим од 1996. до 2001. година се врати, за време на кое жените беа изложени на постојани прекршувања на човековите права – покрај принудните бракови, им беше забрането и вработување и образование, принудени да носат бурки и не им е дозволено да ја напуштат куќата без машки „чувар“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com