Граѓаните во иднина нема да може да шетаат по бикини низ централното шеталиште на Струга.
Општина Струга соопшти дека во текот на туристичката сезона мора да се почитува јавниот ред, а според нив тоа значи дека не смее да се шета по бикини низ градот.
– Поради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден. Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори, соопшти општина Струга.
„Дефинтивно позаостанат народ нема од нас. Значи секаде каде има плажи дал езеро или море е забрнато надвор од плажа истото да се оди по костими за капење само кај нас е чудно и дури се подбива шега, овој народ не заслужува подобро. Заостанати во простор и време.“, „Најубаво по ѕиври на 50 степени и ролки“, „Поризични се “фраерите” со пивските стомаци и со цела златара на врат“, “Се друго средивте уште ова остана, нема веќе проблеми во градот“, „ Само да не забраните гумени влечки, тоа ќе биде трагедија. Фино звучи во банка кога влагаат и ги влечкаат папучките по плочки““, „ Охрид за една недела отвора нудистичка плаќа, за инает на Струга“, „Дали ќе биде дозволено топлес? Една комшивка прашува“.., се само дел од коментарите под објавата.