Кралицата Ранија од Јордан го прослави својот 50-ти роденден. Таа за „Холоу“ магазинот даде изјава:
„Ова беше тешка година, но благодарна сум на се што мојата земја направи со цел спречување на болеста да продолжи да се шири во внатрешноста на нашите граници и горда сум што во секој момент на прво место беше здравјето и зачувувањето на истото. За својот роденден, се додека сум опкружена со своите најсакани и додека тие се безбедни и здрави, не можам да побарам ништо друго“.
Истовремено кралицата објави семејна фотографија, па ги воодушевила луѓето ширум светот. На фотографијата се наоѓаат нејзиниот спруг Абдулах II и нивните четири деца, 26-годишниот принц Хусеин, 23-годишната принцеза Иман, 19-годишната принцеза Салма и 15-годишниот принц Хашем.
„Нема ништо подобро од денот кој што го поминувате со луѓето кои што најмногу ги сакате. Ви благодарам за роденденските желби, ми го разубавивте денот“ – им порачала таа на пријателите кои што нејзе и нејзиното семејство го преплавиле со позитивни коментари.
„Колку прекрасно семејство“, „Преубави сте“, „Најубавото семејство на цел свет, совршени сте“, се само дел од позитивните коментари на сметка на семејството на кралицата на Јордан.
Инаку, Кралицата Ранија и кралот Абдула II се верија само шест месеци откако се запознаа на вечерата која ја приредил нивни заеднички пријател, а во брак се од 1993 година. Гламурозната кралица се школувала во Кувајт, а студиите ги завршила во Каиро. Во бракот тие добија четири деца.