Стан од 55 квадрата важи за мал според стандардите на многумина, но за оние што знаат како паметно да го уредат, овој простор е сосема доволен.
Патриција и Рикардо се брачна двојка и архитекти од Шпанија кои купиле и преуредиле стан во центарот на Мадрид и така го создале еден од најубавите станови во срцето на оваа престолнина.
Тие користеле огледала за да создадат впечаток на ширина во ходникот, додека повеќето работи ги купиле во Икеа, а користеле и материјали што ги пронашле на работа и на разни градежни места. Така, можете да видите трупче на кое стои цвеќе или бетонски блок што функционира како полица за книги.
Кујната е комбинација од дабов плакар од Икеа и отворени полици, а содржи и рачно изработени светла од чинии од Икеа и голем стаклен капак, кој создава илузија дека просторот нема крај.
Со тоа што паметно го искористиле секој милиметар, оваа двојка успеала да скоцка сè што ѝ треба во 55 квадрати.