НАЈУБАВА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА НА СВЕТОТ: Во количка е и има прекрасна девојка по која сите се вртат (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американецот Шејн Буркау (26) кој од својата втора година боледува од спинална мускулна атрофија, од пред три години преку интернет ја запознал Хана (25), со која и денеска е во врска. Уште на стартот на врската се соочиле со чудни погледи, па дури критики за несекојдневната врска.

Шејн за британската “ИТВ“ рекој дека сите мислеле дека Хана му е негователка.

– Една жена дури дојде до мене,  ме допра со раката и рече “ Господе, подари му на овој човек среќен живот“ а јас веќе го имам.

Хана вели дека еднаш на еден пикник и пришол човек чии деца си играле со балони од сапуница.

– Дојде до мене и ме праша дали Шејна сака да си игра. Тој само му рече, “ не, фала“. Луѓето мислат дека Шејн за ништо не е спосебен, – се жали Хана.

Со цел да ги растурат социјалните митови, парот на Јутуб го лансираше каналот “Squimmy & Grubs“. Имаат 145.000 следбеници на кои одговараат на прашањата за нивната врска.

Хана вели дека многумина и рекле дека е доволно атрактивна да може да најде некој друг “способен дечко“.

– Тоа Шејн многу го нервира. Луѓето со посебни потреби не се ништо помалку луѓе од останатите, – порачува Хана.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com