Сексапилната Ивана Кнол годинава влезе во светот на диџејот, а веќе освои награда.
Хрватската секс-бомба на својот Инстаграм профил објави фотографија од церемонијата, а напиша дека е прогласена за најдобра диџејка на годината – во категоријата познати личности.
Церемонијата се одржа во Мајами, а наградата и ја врачи организацијата „Инфлуенсерс инсајдер“.
– Ви благодарам за наградата и за сите што ме поддржаа и оние што не. Поради оние кои не го направија, денеска сум тука – напиша Кнол под сликите.