Популарната италијанска манекенка Бјанка Балти (39) го „запали“ Инстаграм со атрактивни фотографии.
Оваа позната манекенка во модниот свет влегла во своите дваесетти години кога била забележана од агент во супермаркет. Првата голема соработка ја оствари со брендот Долче и Габана, а нејзината сензуална убавина најде голем ентузијазам во индустријата за убавина, па направи безброј кампањи на полето на убавината.
Соработувала со сите познати дизајнери како Живанжи, Гучи, Прада, Марк Џејкобс, Каролина Херера, Шанел, Диор, Версаче и други.
Убавата бринета позирала целосно гола, покажувајќи го своето витко тело, а интимната зона ја скрила со скапа, сребрена, мини-чанта од брендот „Bottega Veneta“.
Бјанка на Инстаграм ја следат речиси 1,5 милиони луѓе, а овие „безобразни“ фотографии добиле многу коментари и допаѓања.
Манекенката во повеќе наврати во текот на својата долга кариера позирала гола, па нема проблем со своите обожаватели да сподели такви фотографии.