Пеачката Никол Шерцингер, сопственичка на прекрасен глас, важи за една од најубавите дами на светската јавна сцена. Сепак, животот не ја поштедил, а таа морала многу да се бори и да работи за да ги оствари своите желби и да го има она што го има денес.
Таа неодамна наполни 44. години, што во нејзиниот случај е само бројка. Сега живее во се што има стекнато, но често истакнува дека воопшто не и било лесно. Нејзините родители не биле богати, па таа сама заработувала за своето образование.
Правела разни работи – продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, а она што многумина ги шокирало е тоа што продавала крв.
– Јас бев најсиромаша додека студирав. Дадов крв за да добијам пари – изјавила Никол.
Таа открила и дека нејзиниот најчест оброк биле палачинки со вода, бидејќи биле евтини и ја одржувале сита долго време.
– Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имала некој што би ми купил автомобил или би платил часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојот труд – додала таа.
Познатата пејачка се прослави во групата „Pussycat dolls“, чиј фронтмен и најистакнат член беше. А Шерцингер често беше во центарот на медиумското внимание поради врските и бурниот љубовен живот. Неодамна со рагбистот Том Еванс ја прославија првата годишнина од нивната љубов, а многумина коментираа дека покрај него делува среќно и исполнето.
Пред тоа имала романса со бугарскиот тенисер Григор Димитров, а како што се шпекулираше токму таа раскинала бидејќи немал сериозни намери со неа. Исто така, Никол седум години била во врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, а како што рој еднаш рекол, ја прекинале врската бидејќи поради обврски не можеле често да се гледаат.