Манекенката Бела Хадид која ја сметаат за најубава жена на светот, позираше топлес додека одела на третман за подобрување на имунолошкиот систем во Париз.
Бела Хадид постави две фотографии на својот Инстаграм профил каде што ја следат 28 милиони следбеници.
23-годишната манекенка позира топлес, своите интимни делови ги крие со едната рака, а со втората прави селфи во огледало додека е на третман за јакнење на имунолошкиот систем во Париз.
„Ова не е реклама … само сакам да ви кажам дека ова е најмагичното место во Париз … кога и да е мојот имунолошки систем намален, знам точно каде да одам …“ напиша таа на објавата.