Италијанската глумица Моника Белучи (56) која важи за најубава жена на светот, иако е во шесттата деценија од животот, изгледа одлично и сосема природно со секое нејзино појавување во јавноста.
Овој пат ја воодушеви публиката на Филмскиот фестивал во Торино, каде ја доби наградата „Stella della Mole“.
Моника е позната по својот дискретен стил, а со години наназад бира темни или црни комбинации на облека, едноставни кроеви, а ретко некогаш може да се види во светли или јарки бои. Така беше и овој пат, кога таа избра одличен припиен црн фустан со потписот на Долче и Габана, крој кој му пркоси на било кој тренд и наметливи модни избори.
И покрај зрелата возраст, Моника изгледа целосно природно и се чини дека за разлика од нејзините колешки, таа е против предизвикот на естетската хирургија. А ако нешто има направено на своето лице, можеме само да кажеме дека воопшто не се забележува.