Моделот Бела Хадид, која научниците ја прогласија за жена со најубаво лице на светот, на социјалните мрежи објави дека е трезна веќе пет месеци. Во таа прилика била излезена во Лас Вегас.
Таа објави неколку фотографии на Инстаграм со натпис: „Пет месеци без алкохол“. На TikTok таа објави видео на кое танцува насмеана во казино. Нејзината објава на социјалната мрежа досега ја погледнале четири милиони луѓе, а многу од манекенките во коментарите напишале пораки со поддршка. Тие и рекле дека се „многу горди на неа“ и дека таа сигурно „ќе биде инспирација за многумина“.
Бела на почетокот на минатата година во едно од интервјуата признала дека многу пиела и дека не можела да се контролира одреден период. „Пиев, искрено. Го сакав алкохолот до тој степен што почнав да откажувам состаноци бидејќи мислев дека нема да можам да се контролирам”, рекла манекенката, пренесува Page Six.
„Веќе не чувствувам потреба да пијам. Знам како тоа ќе влијае на мене во три часот наутро кога ќе се разбудам со страшна вознемиреност”, објаснила Бела и додала дека престанала да пие и поради физичко здравје