Во заедничкото интервју со своето момче Машин Ган Кели за новото издание на британскиот „Џеј Кју стајл“, актерката Меган Фокс отворено зборувала за своите несигурности.
Убавата актерка изјавила дека поради дисморфијата (психички проблем што го карактеризира доживувањето на болен човек дека деловите од неговото тело се деформирани, непривлечни, грди, додека недостатокот за кој зборува е всушност одвај видлив или дури и не постои) се бори со големи несигурности поврзани со нејзиното тело, иако многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот.
– Да, имам телесна дисморфија. Се борам со многу длабоки несигурности – рекла Меган.
Во текот на интервјуот, Меган Фокс зборувала за неодамнешното медиумско пишување за начинот на кој ја малтретирале на почеокот на кариерата.
– Тоа е нешто на кое работев многу – рекла Меган за магазинот, присетувајќи се на периодот кога се оддалечила од очите на јавноста со цел да го подобри своето ментално здравје.
„Лесно е да се чувствувате како жртва кога поминувате низ такво нешто, очигледно. Тоа ви го кажува и првиот инстинкт, но тоа нема да ве служи и ќе ви го направи животот ужасен. Зошто мене ми се случува тоа? Постојано ја губите својата моќ на тој начин“, заклучила Меган.