Во моментов актуелна е неделата во Париз, а за ревијата на Вивиен Вествуд ќе се зборува уште долго. Дизајнерот Андреас Кронталер ја дизајнирал деветтата колекција за оваа модна куќа, а истата била инспирирана од истерување на негативната енергија.
Eдна од најубавите жени на светот Бела Хадид гордо прошета по модната писта, а сите погледи беа вперени во неа.
Иако креацијата е вредна за пофалба, се чини дека сепак манекенката го привлече вниманието на медиумите со провокативниот фустан што го носеше. Таа беше закочена до грло, но сепак повеќе откри отколку што сокри.
Таа професионално ја изнесе креацијата, гордо прошета по пистата, без градник , во проѕирен фустан.
Потоа се појави во црн кожен фустан со длабоко деколте и широки панталони. Покрај црните чизми, носеше ѓердан од лук.