Една од најубавите жени на светот Шарлиз Терон (43) изјави за британскиот Сан дека е се уште сама, и покрај инсистирањето на таблоидите кои тврдат дека е во врска со Бред Пит.
„Направив свесна одлука да бидам самa, бидејќи сакав да се посветам на образованието на децата“, вели актерката, која неодамна откри дека посвоениот син го воспитува како девојче, бидејќи тој така се чувствува со само три години.
“Сега го сменив мислењето, сакам врска. Сакам добар човек, кој може да ме насмее и има добра брада или може да ја израсне. Не сакам дечко чија брада расте нерамномерно, сакам вистинска брада“, рече таа.