Моника Белучи, која важи за една од најубавите жени во светот, се појави на 79 Филмски фестивал во Венеција и одушеви со изгледот.
Облечена во едноставна летна комбинација, таа го привлече вниманието на новинарите со нејзиниот едноставен стил. Многумина се сложуваат дека е во добра форма, а и нејзиното лице изгледа освежено.
Со оглед на тоа дека важи за ѕвезда која не сака пластична хирургија, ниту останати вештачки методи за разубавување, големи се шансите дека не потклекнала на трендовите за „вечна младост“.
Но, исто така е очигледен фактот дека изгледа помладолико отколку на претходните фотографии. Актерката присуствуаше на премиерата на филмот „Siccita“.