Холивудската актерка Скарлет Јохансон побегнала од пеколниот викенд и од градскиот метеж со својот сопруг Колин Џост, а парот ужива на крајбрежјето на Хамптонс, популарно одморалиште во близина на Њујорк.
Скарлет, која во текот на својата кариера долга над 15 години, се појавила во бикини одвај неколку пати, сега ја покажала својата прекрасна фигура на тело првпат после неколку години.
Актерката која инаку се породи во август минатата година, со гордост ги покажала затегнатите нозе, но и малото стомаче кое не го криела од љубопитните погледи, туку со таа ситна „несовршеност“ добро се носи и уживала со насмевка на лицето во сончевиот ден.
Баш поради тоа овие фотографии за кратко време станале вирални на социјалните мрежи, а Скарлет добила многубројни комплименти.
„Изгледа здраво и прекрасно“, „Освежување е да видите природна, нормална жена“, „Има природно, прекрасно тело – не го знаев тоа досега“, „Убаво е да видите реална жена, би било добро тоа конечно да стане стандард“, „Совршена, нормална жена и, ѝ благодарам на тоа“, се дел од коментарите.