Светски познатиот молекуларен биолог проф. Д-р Иван Ѓикиќ предвидува дека најтешкото време на пандемијата ќе биде од декември 2020 до март 2021 година.
-Со претпоставка дека ќе пристигне вакцината на почетокот на 2021 година, ситуацијата би можела да биде под контрола дури на крајот на 2021 година, – вели Ѓикиќ од Универзитетот Гете во Франкфурт, кој му напиша отворено писмо на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во врска со моменталната состојба со новиот корона вирус.
Во ова писмо Ѓикиќ критикува некои членови на хрватскиот кризен штаб и се залага за пласирање на точни научни податоци, како и за строга контрола, за да се избегне локдаун и полициски час, кои ќе бидат неминовни ако епидемиолошката ситуација во Хрватска се развива како сега.