Болниците во САД се пред колапс, а „Њујорк пост“ ја пренесува приказната за медицинска сестра која е крајно вознемирувачка.
Таа спомнала „јама“, место што го интерно го нарекувале, а тоа е просторија во која се испраќаат луѓето без надеж. Пациенти од Ковид кои на крајот умираат.
“Требаше да испратиме луѓе со најлоша клиничка слика во’јамата’. Видов дека многу луѓе умираат таму и имам чувство дека не мора да умрат. Ниту еден пациент од ‘јамата’ не преживеал”, изјавила Лавана Риверс, која работела во болнички центар во Ел Пасо.
Таа тврди дека на неа и на другите медицински сестри им биле дадени прецизни упатства како да се лекуваат пациентите во „јамата“. За разлика од другите одделенија, тука тие можеле да пробаат само CPR (реанимација) три пати, а потоа да се откажат. Нема четврти пат. Им било наредено да не го прават тоа.
Медицинската сестра Риверс упатила сериозни и шокантни обвинувања дека лекарите од таа болница не ги третираат сите пациенти исто и дека не вложуваат доволно напори да ги спасат болните.
„Медицинската сестра која ме подучувашпе таму имаше посебна пациентка, тие ја нарекуваа ВИП пациентка. Сопругата на докторот. Нема што не и дадоа. И погодете што, од сите со тешка слика, таа се извлече”, рекла таа.
Од болницата одговориле дека споменатата медицинска сестра работела таму како помош и дека, и покрај сочувството со напорната работа и емоционалниот шок низ кој поминуваат илјадници здравствени работници, тие не можат да ги потврдат овие тврдења.