Најмладиот македонски милионер, кој остварил бруто приход во 2019 година над еден милион денари, е дете, родено во 2013 година, кое печалело преку закупнина. Највозрасниот граѓанин од оваа категорија има 101 година. Највозрасен граѓанин кој остварил приход над 10 милион денари, има 86 години.
Директорката на УЈП Сања Лукаревска, на прес конференцијата информира и дека по обработените годишни даночни пријави, лани скопјанка заработила 476 илјади евра од лото.
Штипјанец, пак, лани во земјава важел за најбогатиот пензионер, кој зел годишен бруто приход од пензија на сума од 131 илјади евра, или месечно 11 илјади евра.
Скопјанка, пак, од исплатена премија од осигурување лани добила вкупен прихд од 127 илјади евра.
Стружанец имал највисока бруто плата во висина од 114.854.796 денари, а доаѓа од индустријата со метал.
Големи пари се вртеле и од други приходи, и тоа од продажба на отпад, од капитални добивки, диводенди, но и во градежниот сектор.