Најстарата ќерка на поранешниот пар Никол Кидман и Том Круз, Бела Кидман Круз, со години се крие од медиумите и јавноста.
Неодамна ги изненади сите кога објави селфи фотографија на Инстаграм.
Бела Кидман Круз е уметник и дизајнер која со години ја продава својата работа преку Интернет.
Во 2015 година, посвоената ќерка на Никол и Том тајно се заколна на вечна љубов на нејзиниот долгогодишен партнер, а на венчавката не присуствувале ниту нејзините родители, ниту нејзиниот брат Конор.
Иако со години се пишува дека поради Скиентолошката црква и верските убедувања на нејзиниот поранешен сопруг, Кидман не е во контакт со посвоените деца од бракот со Круз, таа пред неколку години истакна дека Конор и Бела пораснале во добри и вредни луѓе.
Инаку, актерската двојка се разведе во 2001 година. Кидман повторно се омажи за музичарот Кит Урбан во 2006 година со кого има две ќерки, додека Круз беше во брак со Кејти Холмс со која ја доби ќерката Сури. По разводот со Холмс во 2012 година, актерот не ја видел својата ќерка поради верските убедувања.