Илонка Ковач на 19 октомври наполни 107 години и официјално е најстарата жителка на Нови Сад и Србија.
Супер бабичката стана вистинска атракција кога наполни 104 години, а во таа прилика ја изјавила реченицата која стана хит на сите социјални мрежи.
– Кога наполнив 100 години, му реков: „До сега јас работев, а сега сам чисти си ја собата! – ги насмеала сите тогаш Илонка Ковач, бидејќи зборовите биле упатени кон нејзиниот 80-годишен син.
Баба Илонка е родена во Бачка Топола, а во Нови Сад дошла на 16 години. Денес живее на Сателит. Синот е самец и живее со неа. Од ќерката дочекала и правнука, меѓутоа, ниту една од нив не живее во Нови Сад.
За неа, в недела, како и секоја година, ќе се служи миса во една новосадска црква, каде и сѐ уште редовно доаѓа на миса од Сателит, каде што живее.
– Отсекогаш сум живеела скромно, па и денес, не пијам дури ниту кафе. И секогаш треба да работите напорно, да бидете во движење. Јас целиот мој живот многу работев, навечер кога не можев да спијам, везев ракотворби. И денес ја обработувам мојата мала градина, никој не ми помага – вели таа.
– Чистам со правосмукалка, пеглам, готвам, алиштата не ги ставам во машина, ги перам на раце… Тешко е, но сè правам сама. И се чудам како живеам толку долго. Повеќепати почувствував дека дошол крајот, но, еве, и ден-денес сум тука. Никогаш не се знае однапред, тоа е моментот во кој нешто се случува или не – раскажува баба Илонка, пренесува „Ало“.