Најсреќната земја на светот итно бара странски работници

by Тони Зографски

Финска, земјата која важи за најсреќната во светот, се соочува со демографска криза поради стареење на популацијата.

Финска е прогласена за најсреќна земја во 2021 година, и на оваа листа е веќе четири години. Позната е по добриот животен стардар и нискиот криминал.

Во моментов четири од десет лица се над 65 години, а земјата има 5,5 милиони жители. Се проценува дека 2030 година 50% од населението ќе биде над 65 години, и нема да може да работи.

„Сега е познато дека ни требаат работници кои ќе помогнат да се помогнат да се покријат трошоците за генерацијата која старее“, изјави Саку Тихверчинен.

Единствен хендикеп за странските работници се тешкиот јазик и лошото време кое владее во оваа северна земја.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com