Во њујоршкиот Метрополитен музеј на уметноста се одржа најважното модно случување на годината, “Мет Гала“. Поради Лејди Гага и нејзиниот стриптиз, модните критичари овој настан го прогласија за најскандалозен досега.
Имено, 33-годишната Гага на “Мет Гала“ придружувана од повеќе асистенти и танчари, на црвениот тепих се појави во циклам фустан, пред да заврши по светкава црна долна облека и мрежести хулахопки.
Таа на изгледот работела повеќе од еден месец.