Популарната италијанска водителка и лице на DAZN, Дилета Леота, во интервју за „Газета дело Спорт“ сподели за што сè уште сонува и посакува – и професионално и лично.
Дилета имаше неколку желби…
– Би сакала да водам емисија во странство, да продолжам да растам заедно со моето семејство, да ја однесам ќерка ми Арија на стадион и еден ден да ја слушнам како ми вели: „Мамо, горда сум на тебе“ – рече искрено новинарката.

Сепак, можеби најинтересниот дел од нејзината исповед се однесува на еден неочекуван сон:
– И сонувам еден ден да станам претседател на фудбалски клуб!

Дилета е едно од најпрепознатливите лица на спортското новинарство во Италија со години, а судејќи според овие амбициозни планови – се чини дека нејзиното време штотуку доаѓа надвор од малите екрани.
