Сексипилната канадска тенисерка, Ежени Бушар, одамна се откажа од сериозни тениски резултати, и се повеќе е активна на социјалните мрежи и во светот на модата.
Веднаш по поразот на УС Опен, атрактивната Канаѓанка замина на одмор со своето ново момче, американскиот рагбист Конор Дејвис.
Папараците ја уловија вљубената двојка како разменува нежности на јахта на една од егзотичните дестинации на Карибите.
Инаку, Конор е познат по врските со старлети и манекенки, па сега својот “репертоар“ го прошири со канадската тенисерка.