Ванда Икарди повторно ги „запали“ социјалните мрежи. Без разлика каде се наоѓа, дали е е во татковината, Париз, Милано,или во моментов Истанбул каде нејзиниот сопруг и клиент Мауро Икарди успешно игра за Галатасарај, „жешката“ Ванда редовно на своите следбеници им подарува разголени и провокативни фотографии.

Секако, таа мораше да подготви нешто посебно за новогодишната ноќ.

Ванда одлучила да не го облече костимот на Дедо Мраз, туку на радост на фановите на социјалните мрежи да позира во секси црвено неглиже, долна облека и фустан, во кои ги истакнува нејзините природни облини.

Ванда Нара се фотографираше во бројни црвени, празнични комбинации и ги запали социјалните мрежи.

– Веќе размислувам за новогодишната ноќ – напишала Ванда, по провокативните фотки, кои експресно добиле илјадници лајкови и позитивни коментари.

Ванда инаку редовно на социјалните мрежи го воодушевува своите фанови со сексапилни фотки на кои во преден план се нејзините облини, бујните гради и задникот.