Плус сајз моделот Ешли Греам неодамна гостуваше во шоуто „CBS Mornings“ во Њујорк, а со своето модно издание позитивно ги изненади сите присутни.
За таа прилика Ешли облекла макси фустан со специфичен, леопард принт дезен.
Фустанот се карактеризира со крој кој ги следи облините на телото, а Ешли на своето модно издание додала златни потпетици – ништо претерано, но сепак ефективни.
Жената која ги поместува границите на модата докажа дека смелите модели на фустани не се резервирани само за слаби жени, и дека и со своите 95 килограми може да изгледа секси во овој тип на облека.
Инаку, Ешли во 2023 година беше прогласена за најсекси жена во светот, според машкиот магазин „Максим“.
„Ешли Греам, кралицата на облините, е свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење, сметаат голем дел од модните критичари.