По страшната експлозија која вчера се случи во Бејрут, штетите уште долго ќе се санираат, како матеијалните, така и оние човечките.
Главниот град е опустошен, нaстрадаа и многу болници, а една од нив е и „Бејрут Рум“. Токму таму фотографот Билал Јавиќ направил фотографија од млада медицинска сестра која успеала да спаси три бебиња.
-По 16 години фотографирање за медиумите и многу војни можам само да кажам дека не сум видел ништо слично на ова. Оваа хероина ги замота и ги чуваше внатре во болницата, додека се обидуваше да воспостави повици и покрај прекините во комукациите, три новороденчиња во рацете опкружена со десетина тела и повредени лица, напиша авторот на фотографијата.
Истата болница, која работи од 1902 година и се грижи за најмалку 350.000 пациенти годишно, сега , по невидена катастрофа што го погоди Бејрут, мака мачи со недостаток на крвни единици.
Според последните информации, експлозијата однесе 100 животи, а повеќе од 4.000 се повредени.