„Многумина ќе речат дека личност со целосно здрава психа денес не постои. Но, ве уверувам дека постои. Овие шест правила по кои живеам, ги имам воспоставено во текот на 30-годишната работа со пациенти, но и работа на самиот себе. Доста сум се преиспитувал, анализирал, додека не сум дошол до овие методи. На невротичните лица овие правила им звучат нереално, незамисливо. А некој сосема природно живее според нив“, тврди светски познатиот руски психолог Михаил Лабковски.
- ПРАВИ ГО ОНА ШТО ГО САКАШ.
- НЕ ПРАВИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО САКАШ.
- ВЕДНАШ РАЗГОВАРАЈ ЗА ОНА ШТО НЕ ГО САКАШ.
- НЕ ДАВАЈ ОДГОВОРИ ДОДЕКА НЕ ТЕ ПРАШААТ.
- ОДГОВАРАЈ САМО НА ПРАШАЊА. НЕ ОБЈАСНУВАЈ.
- КОГА СЕ КАРАТЕ ИЛИ РАСПРАВАТА, ЗБОРУВАЈТЕ САМО ЗА СЕБЕ И ЗА СВОИТЕ ЧУВСТВА.
„Моите шест правила ќе му помогнат на секој кој сака да се ослободи од некакви проблеми. Почнувајќи од банални проблеми од типот на тоа ’дали прво да доручкувам, или прво да пијам кафе‘, па до сериозни одлуки кои го менуваат животот“, продолжува Лабковски.
„Само запрашајте се Што сакам јас?, и никогаш не го правете она кое не сакате да го правите. Секогаш цврсто застанете на вашите ставови, бидејќи тие се ВАШИ ставови“, заклучува познатиот психолог.