Евгенија Давитешвили, позната како Џуна, е руски исцелител, писател, сликар, астролог и јасновидец. Таа на неколку дена пред да почине, во 2015 година, во своето последно интервју пред руските медиуми, рекла дека Русија ја очекува подобра иднина. Според неа, современици сега треба да си ги отворат очите и да сфатат дека парите не се најважното нешто во нивниот живот, туку добрината, чистотата и духовноста. Треба да се обрне повеќе внимание на овие вредности. Сакајте се и проштавајте си за да стане вашиот живот поубав, советува светскиот феномен.
Во последното интервју таа зборува и дека може да ја види сликата на иднината. Таа за периодот од 2020 до 2025 години рекла дека светот го очекува глубална катаклизма, но не треба да се плашиме дека ќе дојде до трета светска војна. Во светот ќе биде доста тензично, но иако предвиде дека ќе нема судир на големите светски сили, Џуна предупреди дека може да има локални конфликти. Конкретно, за 2020 смета дека нема да биде “розова“ година, и само ако се вратиме на традиционалните вредности ќе можеме да доживееме просперитет.
Инаку, преткажувањата на Џуна останаа запаметени како детални и многу точни и таа во Русија се третира како историска личност.