Лизи Браун вели дека таа е најпознатата прељубничка и воопшто не се срами од тоа. Секоја нејзина врска започнала додека нејзините партнери се уште биле во брак.
Според неа, таа ги спасила и мажот и жената и им покажала дека можат да живеат поинаку.
46-годишната жена вели дека не се чувствува лошо бидејќи ги уништува браковите, а сите нејзини клиенти се инаку оженети богаташи. И додека ужива во пари и луксузен живот, често се соочува со повици од лути, измамени жени.
„Тие се секогаш лути и бесни и не сфаќаат дека сум им помогнала да се соочат со голем проблем. Се гледам себеси како личност која ги решава туѓите љубовни проблеми, а не како некој што ги уништува браковите од чист каприц“.
Но, таа вели дека ги разбира бидејќи целиот свет им се руши кога ќе дознаат дека се измамени.
„Тие само сакаат да обвинат некого за измамата, а не можат да го обвинат сопругот затоа што тој е татко на нивните деца, па јас сум главниот виновник во целата приказна“.
Лизи вели дека со текот на годините сфатила зошто мажите изневеруваат. „Запознав десетици прељубници и причината за вмешаност во измама е скоро секогаш иста“.
„Мажите изневеруваат затоа што се обидуваат да излезат од врската која ги гуши, па тоа е првиот чекор кон целта“.
„Помалку е веројатно дека водат тешки разговори со партнерот за сопствените потреби и врски. Ако бараат излез, изневерувањето треба да се смета како средство за постигнување на целта. Тие се готови со својот брак или врската, а наместо тој тежок разговор, едноставно ќе си најдат љубовница“.
На крајот, таа ги советува сите измамени жени да не се обидуваат да ја решат ситуацијата, бидејќи нема враќање назад. „Оној што еднаш изневерува, тоа ќе го прави постојано. Наместо тоа, грижете се за вашите сопрузи. Не можете да се запустите и да престанете да се обидувате да палите оган во бракот по венчавката, ако сакате таа врска да трае“, заклучува таа.