Македонката Маргарита Томовска (27) важи за една од најпознатите старлети и инфлуенсерки во Австралија. Таа таму е позната под името “Мерцедес мама“, а позната е и по нејзините прескапи модни комбинации.
Па така австралиските медиуми објавија вест дека Маргарита е осудена на казна затвор откако со својот „мерцедес” се обидела да им побегне на полицајците возејќи дури 230 км на час на автопатот Принцес во близина на Хелсенбург каде што максималната дозволена брзина е 45 километри. Во возилото била и нејзината ќеркичка која седела на задното седиште без појас.
Маргарита која на последното судско рочиште се појавила во аутфит вреден преку 15.000 долари изјавила дека возела брзо под принуда од нејзиниот машки патник Кристофер Кинг и дека ќе поднесе жалба и ќе бара ослободување со кауција.
Инаку, Маргарита Томовска е мошне популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има преку 70 илјади фанови од цел свет. Таа на својот профил редовно споделува фотографии од гламурозни изданија.