Легендарниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне (53) деновиве ужива на заслужен одмор со сопругата Карла Переиро (35) и ќерките Франческа и Валентина.
Папарацо фотографите го фатиле семејството во „безобразни“ моменти на плажа, а интересно е тоа што парот се однесувал како да се тинејџери – не ги тргале рацете еден од друг, а убавата русокоса својот сопруг непрекинато го бакнувала и прегрнувала.
И, додека Карла ја покажала својата витка, висока фигура на тело во светловиолетово бикини, Диего дефинитивно го украл вниманието со своите неверојатно извајани мускули. На овој Аргентинец факт е дека годините (53) не му значат ништо – изгледа како младо момче.
Инаку, Симеоне е најплатениот тренер на планетата, а со 18 години помладата Карла влегол во романса во 2014 година, набрзо по разводот од првата сопруга Каролина Балдини. Парот се забавувал околу пет години кога во јуни 2019 година се венчале на тајна венчавка во Тоскана.
Инаку, тој со Каролина Балдини поминал 20 години во брак, а заедно добиле три деца, синовите Џовани, Џанлука и Џулијан и сите тргнале по стапките на нивните татко, односно професионално тренираат фудбал.
Поранешните сопружници останале во добри односи, пред сѐ поради тоа што јавно зборувале за нивниот развод, иако имало договор тоа да не го прават.
„Се уморив од нејзините изјави во јавноста по 15 години, особено ми е доста од сѐ затоа што никогаш не зборував за сѐ што се случило ниту за штетата која ја предизвика. А, таа продолжи да зборува како сите околу неа да го изгубиле помнењето и да заборавиле што се случи. Се уморив од тоа постојано да ги штитам своите деца од околината. Нема назад. Прекрши моќни семејни кодекси и повеќе немам трпение“, изјавил своевремено Симеоне.
Познато е и колку тој е посветен и грижлив татко, а тоа го потврдила и неговата втора сопруга:
„Неговите деца се центар на животот. Кога е со нив среќен е и тие му се главен приоритет. Силата која ја пронајде како татко го тера напред“, коментирала атрактивната Карла минатата година.