Новото истражување тврди дека ковид-19 наскоро може и да премини во обична настинка.
„Нашата анализа на имунолошки и епидемиолошки податоци за ендемични хумани коронавируси (HCoV) покажува дека имунитетот што ги блокира инфекциите брзо опаѓа, но имунитетот за намалување на болеста трае долго“, пишуваат авторите на студијата објавена во списанието „Сајанс“.
Нивниот модел сугерира дека по достигнувањето на ендемската фаза и примарното изложување во детството, CoV-2 не може да биде повирулентен од обичната настинка.
“Авторите направиле осврт на историјата на другите познати коронавируси, вкупно шест. Четири од нив се прилично бенигни, но другите два, САРС и МЕРС, се далеку поопасни, но за среќа со тек на времето се сопрени.
Сепак, преостанатите четири често може да се најдат кај денешното население. Токму овие четири вируси ги проучувале авторите за да откријат како може да се однесува КОВИД-19 за неколку години.
“Истражувачите проучувале како вирусите влијаат на деца на возраст под пет години, чиј имунолошки систем е посилен од просекот. Тие заклучиле дека со зголемената изложеност на популацијата на вирусот, тој може да стане бениген како обична настинка што едвај ги погодува децата на возраст под пет години.
Во меѓувреме, за да не се прошири вирусот, треба да продолжиме да се придржуваме до вообичаените мерки: Носење маски, одржување простор, проветрување на просторијата, хигиена на рацете …
Тоа е добра вест, но мора да се спушти топката на земја и да се каже дека е невозможно навистина да се предвиди како ќе се развие вирусот и како ќе реагира имунолошкиот систем.
“Ниту една достапна вакцина не нуди 100 процентен безбеден имунитет против Ковид-19, а досега немаме податоци за тоа колку долго ќе траат ефектите од вакцинацијата, пишува Интересен инженеринг.
Тоа значи дека пандемијата ќе биде со нас уште некое време. Дотогаш, предупредуваат експертите, сепак треба да се придржуваме до вообичаените мерки.