Луѓето со висок крвен притисок кои земаат парацетамол би можеле да имаат поголем ризик од срцев удар и мозочен удар, покажува новото истражување. Лекарите треба да ги земат предвид ризиците и придобивките за пациентите кои земаат парацетамол неколку месеци, велат истражувачите од Универзитетот во Единбург. Додаваат дека за главоболки и треска може да се земаат без страв.
Други експерти велат дека истражувањето треба да се спроведе на повеќе луѓе во подолг временски период за да се потврдат наодите на студијата. Працетамолот е широко користен ширум светот како краткорочно ослободување од болка, но исто така се користи и за хронична болка, и покрај малите докази за придобивките од неговата продолжена употреба. Половина милион луѓе, или 10 отсто од шкотската популација, примиле лек против болки во 2018 година. Речиси една третина од луѓето во Обединетото Кралство страдаат од висок крвен притисок, јавува Би-Би-Си.
Во студијата учествувале 110 доброволци, а две третини земале лекови за висок крвен притисок или хипертензија. Преку случаен примерок, од нив било побарано да земаат 1 грам парацетамол четири пати на ден во текот на две недели, вообичаена доза за пациенти со хронична болка.
Студијата покажа дека парацетамолот го зголемува крвниот притисок, еден од најважните фактори на ризик зад срцеви напади и мозочни удари, вели професорот Џејмс Деар, клинички фармаколог од Единбург. Истражувачите ги советуваат лекарите на пациентите со хронична болка да им даваат што е можно помалку дози парацетамол и да обрнат посебно внимание на оние со висок крвен притисок и оние кои се изложени на ризик од развој на срцеви заболувања.
Овде не станува збор за краткорочна употреба на парацетамол за главоболки или треска, што е, се разбира, добро“.
„Има многу непознати“
Дипендер Гил, предавач по клиничка фармакологија и терапија на Универзитетот Сент Џорџ во Лондон, рече дека студијата, открила „мал, но значително зголемување на крвниот притисок кај белата шкотска популација“ и додаде дека остануваат многу непознати.
„Прво, не е јасно дали забележаното зголемување на крвниот притисок ќе се одржи со долготрајна употреба на парацетамол. Второ, не е познато дали зголемувањето на крвниот притисок што може да се припише на употребата на парацетамол може да доведе до зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни болести“, рече Гил.
Големото истражување спроведено во Соединетите Американски Држави претходно откри врска помеѓу долготрајната употреба на парацетамол и зголемениот ризик од срцев удар, но не можеше да докаже дека едното предизвикува друго. Други помали студии исто така не успеаја да ја потврдат врската.