Вкупно 316 случаи на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТТС) се пријавени кај возрасни лица кои примиле вакцина АстраЗенека во некоја од земјите на Европската Унија.
Студијата објавена во медицинското списание „Лансет“ покажа дека веројатноста дека ќе се формира тромб по вакцинацијата со втората доза на вакцината „АстраЗенека“ не се зголемува.
Во студијата се наведува дека проценетата стапка на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТТС) по втората доза на вакцината била 2,3 случаи на милион вакцинирани, споредена со типичната стапка што се јавува кај оние кои не се вакцинирани, пренесува Ројтерс.
Кај оние кои ја примиле само првата доза на вакцината, стапката на тромбоза со ТТС била 8,1.Истражувањето кое е водено и финансирано од компанијата АстраЗенека, ги следи и ги проучува пријавените случаи на несакани ефекти во рок од 14 дена од примањето на првата или втората доза од вакцината.
Comments are closed.