Момче на возраст од 11 години во текот на ноќта почина на Клиниката за инфективни болести во Загреб како последица од корона вирусот. Тој е најмладиот пациент која е жртва на новиот вирус во Хрватска.
Неофицијално се дознава дека момчето не боледувало од други болести туку дошло до ретка компликација.
Имено, дошло до мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како претеран имунолошки одговор.
Министерот Берош за „Индекс“ кратко изјави дека побарал отчетод Клиниката за детски болести и Клиниката за инфективни болести.
Според ХРТ, момчето починало од MIS-c, или мулти-инфламаторен пост-ковид синдром.
Истражувањата покажаа дека машките деца се малку повеќе склони кон синдромот, но процентот е скоро ист за двата пола.
Болеста е претставена со покачени воспалителни параметри во крвта, може да влијае на сите органи, срцето, бубрезите, гастроинтестиналниот тракт, да предизвика невролошки проблеми, како и симптоми на воспаление на дишните патишта.
Може да доведе и до откажување на сите органи. Честопати децата имаат осип со различен изглед. Досега се знае дека започнува нагло, со значително зголемена температура.