33
Познатиот жичник „Глорија“ во Лисабон, популарен кај туристите, денес излета од шините. Според последните информации, најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се повредени.
Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 се здобиле со полесни повреди.Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека на жичницата во моментот на инцидентот имало 43 лица.
Сè уште не е познато дали жртвите се португалски државјани или туристи.Надлежните започнаа истрага за да се утврдат причините за трагичниот настан, а снимките од местото ја прикажуваат уништената кабина и службите за итни случаи како ги извлекуваат повредените.