Најмалку три лица се убиени а уште неколку се тешко ранети во петокот доцна вечерта кога маж неселективно бодел минувачи на фестивал во градот Золинген во западна Германија, објавија медиумите.
Весникот Bild објави дека тоа се случило околу 21:45 часот и дека најмалку три лица загинале, а неколку други се ранети.
Очевидци изјавиле дека сторителот е во бегство, додава весникот.
Мажот со нож ги нападнал посетителите на градскиот фестивал во Золинген, според очевидците напаѓачот, кој наликувал на арапскои потекло, успеал да побеге. Според прелиминарните информации загинале најмалку три лица, пишува Bild.
Како што забележува весникот, еден од коорганизаторите на настанот, Филип Милер, во коментар за локалното издание Solinger Tageblatt, рече дека спасувачите сега се борат за животите на девет лица.
Локалниот весник Solinger Tageblatt на својата веб-страница објави дека нападот се случил на фестивал на прослава на 650-годишнината на градот.
Локалната полиција соопшти дека засега не може да го коментира инцидентот.