На социјалната мрежа Тик-ток деновиве се споделува видео на кое е прикажана мапа со земјите од Европа, а за секоја држава е наведен најлошиот град за живеење. Тетово е најлош град за живот во Македонија.
Мапата која е објавена на профилот „Map of Geography“, добила милион прегледи. Не сите се сложуваат со резултатите.
За најлош град за живеење во Бугарија е прогласен Варна, во Германија – Франкфурт, во Србија – Белград, во Хрватска – Ѓаково, во Словенија – Целје…
Не е објаснето како е составена листата. Многумина сметаат и дека градот Лисабон не требало да го сместат меѓу најлошите градови за живот. Дури има и спротивни мислења, односно има луѓе кои сметаат дека Франкфурт е најдобар град за живеење во Германија.