На почеток сметам дека треба да нагласам дека работам во Чаир и имам секојдневен допир со странки кои не почитуваат мерки и кои сметаат дека не постои вирус. На некој ќе му смени ова нешто, на некој не.
COVID-19 приказната почнува на 22.06(понеделник) кога не се чувствувам океј и не одам на работа.
На 23.06(вторник) со температура (се движеше од 37.3 до 37.8) и кашлица му се јавувам на матичниот и пробува да ми закаже термин при што ми кажува “нема ниеден термин, освен во сабота во Тетово. ако сакаш и имаш можност би ти препорачал да се тестираш приватно…”. Се јавувам во Жан Митрев Клиника и ми закажуваат за 24.06(среда) во 8:15. 3950 денари. Фала многу, пријатно. (за симптомите на кра
24.06(среда) одам, ми земаат брис и ми кажуваат дека резултати за 2-3 дена. Истиот ден вечерта ми се јавуваат од клиниката и ме известуваат цитирам: “Од Жан Митрев се јавуваме…ви се јави некој? Ааа не..епа добро, позитивен ви е резултатот, ќе ви се јави некој од Институт за Јавно Здравје.” Фала многу, пријатно #2.
25.06 (четврток) ми ѕвони телефон, разговорот оди вака:
Горјан? Да. Од Министерство за здравство се јавувам, треба да ти изготвам решение за изолација…кажи ми кај ќе бидеш изолиран и mail за да ти пратам. кажувам адреса и email. Океј, чао. Чекајте, а анкета, а тоа дека девојка ми живее со мене..?
Ааа, ќе ти се јават од ИЈЗ.
26.06(петок) пладне. Ми се јавува непознат број, разговорот трае 2:04 и тече вака: Од ИЈЗ се јавувам, Горјан? Да. Кажи ми контакти од последни 3 дена. госпоѓо, 3 дена се поминати откако имам позитивен резултат немам мрднато од дома. Добро де, од 3-5 дена. Од понеделникот? Немам мрднато од дома, ги знам точно сите контакти од последниве 3 недели, можам сите да ви ги набројам. (од моментот кога кренав температура ги издвоив на лист сите контакти баш за оваа цел) Ејјј дечко не, ај од последен пат на работа кога си бил.
Океј, живеам со девојка ми и од петокот само со еден колега сум бил во контакт. Кажи ми имиња и кај ќе бидат изолирани. Молам? Од каде да знам колегата каде ќе биде изолиран? Девојка ми живее со мене, ама колегава? Ќе ви дадам броеви…Јави му се и прејави ми се.
спушта. Се слушам со колегата, ми кажува адреса и се јавувам пак на истиот број. Здраво, Горјан на телефон да ви кажам од колегава информации…Ајде, кажувам. Океј, чао
Чекајте, а девојка ми..? Аааа да. Ајде.
кажувам информации* И сега каква е процедурата? Ќе ти каже матичниот, одговара.
Чекајте, матичниот ќе ми каже лекарства, каква е процедурата за изолација, што да правиме со девојка ми? Дали треба да се тестира и таа? Дали вие ќе и закажете?
Дечко…немам време за ова, за 14 дена нека ти закаже матичниот контролен и тоа е тоа. спушта Заклучно со денес, вртев на тој број 12 пати. Ниеднаш не ми крена.
Девојка ми НИКОГАШ не доби решение за самоизолација. НИКОГАШ.
Колегата мој, доби решение кое траеше 14 дена од 26.06, а не од последниот контакт кој што сме го имале јас и тој, т.е. една недела претходно. Полициска станица Карпош ја водеа девојка ми како позитивна иако никогаш не направи тест (немаше симптоми, и матичните лекари ни рекоа дека навистина нема потреба ако не јави симптоми да даваме повторно 4000 денари).
Со матичниот се слушавме секој ден. на 12 ден (06.07 понеделник) се договоривме да провери да ми закаже контролен при што не успеа. Се јавив на 3-4 броеви во ИЈЗ од кои на еден ми кренаа. Разговорот течеше вака: Добар ден, јас сум позитивен на COVID-19 и матичниот не може да ми закаже контролен тест…каква е процедурата? Леле дечко…кој те води?
Не знам…како да дознаам? Па бројот кој ти се јави да ти прави анкета.
Никогаш не ми се претстави…
Хаос…извини…тоа со закажување со матичните ни беше идеја, ама не ја реализиравме. Треба тој што те води да ти закаже контролен. Не се секирај, во принцип никој никого не заборава. Добар си инаку?
зачудено: Да… немам симптоми веќе…
Тоа е одлично. Одмарај, ако не се снајдеш или никој не те контактира, слободно врти ми мене, јас сум еден од епидемиолозите…иако не те водам јас. Поздрав.
Се слушам со матичниот, ми вика во ред, нека тера така…
11.07(петок) се слушам со матичниот и ми вика “абе пред некој ден колега ми рече дека пак можело матични да закажуваат, ама сега проверувам и ми вика дека не можам да ти закажам контролен затоа што некој закажал за тебе а тоа не сум јас…а башка нема кога ти е закажано”. У пичку матер! Пак вртам на броевите од ИЈЗ и на некој од тие фиксните ми креваат. Ја раскажувам приказната и ми вика “Дечко, дај ми матичен и телефон. Ќе проверам и ќе ти се јавам.”. 10:23 минути ми ѕвони телефон: Здраво, јас сум од ИЈЗ што се слушнавме, колегиве направиле некоја глупост, не ми е јасно зашто никој не ти се јавил, во 10:40 имаш закажано во Јане Сандански контролен…брзај!
Чекајте…сам да одам?
Да, да…јави се во полиција и шибај. Со среќа. Извини! Океј…се јавувам, одам до Јане, надвор хаос. Лик што му се јавиле после терминот, дечко без симптоми што 46 дена е позитивен…Ми зимаат брис, на прашање кога резултати типот ми вика “поим неам”.
13.07(недела) ми ѕвони телефон во 9:35 : Горјан? Да… Дојди во Јане Сандански на контролен во 10:00.
Чекајте… а резултати од првиот? Си правел и претходно?
Да, во петокот. Завчера. Епа изглеа си негативен. Ајде дојди. 25 минути да стигнам од Карпош до Аеродром. Боље него претходните 13 од петокот. Лабаво се облакам и одам. Во Јане нема никој. Доаѓаат во 10:15, надвор веќе 11 луѓе чекаат. Прв дојдов, прв ми земаат брис. Резултати? “Еј дечко, поим неам…”
14.07(вторник) Денес матичниот ми рече дека на него на mail вчера му стигнал резултатот од петокот и денес од неделата. Двата негативни. ИЈЗ НИГДЕ ги нема. Ниту ми се јавиле за првиот, ниту за вториот. Што да правам сега? Пффф, што е битно, битно – ситуацијата е под контрола. Им вртев. Не креваат на ниеден број. На крај се решив да и ѕвонам на епидемиологот што ми рече дека ако имам фрки слободно да ја барам на мобилен. Ми крена од прва. И објаснив што е како е, ми рече да не се грижам и дека таа ќе прати до полиција mail дека сум слободен да се движам. Ми се извини што колегите нејзини се неодговорни. Сандра, да си жива и здрава!
Ништо не е под контрола. Никој не знае што да прави. Епидемиолошката анкета е сведена на контакти од последни 3 дена. ТРИ ФАКИНГ ДЕНА! За вирус кој има инкубациски период од 14 дена.
Статусов е предолг, за искуството со полиција и симптомите ќе пишам други два.
Чувајте се и имајте на ум – џабе вие носите маски ако другиот не носи. Јас 4 месеци се имав видено само со двајца другари, и со моите на 2 пати. Девојка ми работи од дома. Секој близок контакт со странка, јас сум бил со маска. Џабе.
COVID-19 статус од некој кој денес го доби вториот негативен резултат. Numero 2.
Во врска со полицијата и проверките.
Прв пат од Полициска Карпош ме контактираа 4 дена откога ми направија “анкета” (зошто наводници, може да се дознае од првиот статус) од ИЈЗ. Ми дојдоа на врата, отворив, разговорот беше ваков:
– Добар ден, јас сум од полициска станица Карпош (му висеше значка околу врат) дали вие сте Горјан Митрушевски?
– Да.
– Одлично. Како се чувствуваш Горјан?
– …добро…колку што може да бидат околностиве…
– Супер. Чувај се и имај убав ден. Се надевам дека ќе поминеш лесно. Ние ќе мора да те проверуваме секој ден, да знаеш.
– Нема проблем…немам каде да одам.
– Така е, ајде уште еднаш, имај убав ден.
– Пријатно.
Бев презачуден. Од ИЈЗ тие за малце ќе ме пцуеа (повторно, првиот статус за подетално).
Секој ден после тоа, од полициска станица ми се јавуваа да ме проверат дали сум дома. Излегував на тераса бидејќи им предложив да не се качуваат непотребно до горе. Кога ќе бидат пред зграда само нека ми се јават. Секое јавување почнуваше со “Здраво Горјан, од полициска станица Карпош се јавувам. Како си?”.
Вкупно НУЛА пати ми се јавија од ИЈЗ, а уште помалку да ме прашаат како сум.
На полицајците од полициска станица Карпош им симнувам капа! Наклон до земја! Алал да ви е за односот. Се надевам ќе бидете живи и здрави и чувајте се.
COVID-19 статус од некој кој денес го доби вториот негативен резултат. Numero 3.
Во врска со симптоми и слично. Знам дека многу од вас би ве интересирало тоа. Да напоменам: Тоа што мене ми било не значи дека кај сите така се одвиваат работите.
18.06 почнав да го чувствувам грлото како суво. Ништо страшно, тотално занемарливо. 21.06 вечерта ми стана многу ладно, немав температура. 22.06 вечерта качив 37.3. сувото грло и ладното (треската) ми се константни. 23.06 константна температура од 37.3 до 37.8, суво грло, ладно, и болка во сите мускули од телото.
24.06 суво грло и ладно. немам температура, немам болка. Ова е денот кога добив позитивен резултат на COVID-19. Ладното ми траеше уште 5 дена, сувото грло уште 7.
Најлошиот симптом од сите е психичкиот замор. Никогаш не знаеш дали ќе ти стане полошо, дали ќе прогресира или не. За среќа, кај мене не прогресираше. Ама до првиот негативен немав поим што ќе се случува. Се уште немам поим дали внатрешно нешто ми се случило… Чувајте се, и гледајте да не паничите. Не ги толкувајте симптомите како полоши од тоа што се, но не ги ни занемарувајте.
Фејсбук статус на Горјан Митрушевски