Нејтан Латка е само-остварен милионер кој ја напиша книгата „ How to Be a Capitalist Without Any Capital“ во која сподели неколку совети за тоа како да се збогатите.
Латка имал само 119 долари (100 евра) на својата сметка кога основал софтверска компанија, која била проценета на 10,5 милиони долари пет години подоцна. Денес, тој има околу 100.000 долари месечно во пасивни приходи.
Тој денес тврди дека новосоздадените богаташи не играат според „старите правила на деловни активности“. Наместо тоа, тој тврди, дека се следат овие четири правила:
Не се фокусирајте само на една работа или потфат
Стандардниот совет да станете експерт во една област е да му дадете на лицето една точка за неуспех.
Кога еден инженер гради мост, тој не сака да пропадне само од една точка, ако ветрот пробие еден кабел, има уште 200 кабли што го држат мостот.
Затоа не можете да градите богатство околу само една работа, затоа што ако тоа не успее, вие не успеавте.
Латка препорачува да го раширите времето во скала од 80-20. „Посветете 80 проценти од вашето време на еден поголем проект, а 20 проценти на другите два проекти“, напиша тој.
Копирајте ја конкуренцијата
„Размислувањето за некоја неверојатна нова идеја не е вистинскиот пат кон богатството“, тврди Латка. „Клучот за да се збогатите е да копирате други и само да додадете нешто свое на тие идеи“, советува тој. Како пример, тој го наведува копирањето на „Фејсбук“ или „Инстаграм“ на „Snapchat“ во форма на Stories.
Не поставувајте цели
Латка вели дека целите се бесмислени затоа што откако ќе ги постигнете, повеќе нема да имате за што да се стремите и ќе ви биде здодевно.
„Ќе мора да поставите цел повторно за да се мотивирате. Многу е подобро да се работи на систем што секој ден ќе ви даде нешто да се радувате“, верува тој.
„Продадете копачи на копачи на злато“
Латка верува дека треба да се заработат пари за работата на другите. Тој ова го споредува со златната треска во САД.
“Рударите наидоа на ужасни услови додека патуваа кон запад. Кога пристигнаа, сфатија дека им требаат копачи за да копаат подобро. Па други се упатиле таму и им продадат копачи на рударите и со тоа се збогатија со помалку напор. Ако е, да речеме, голема понудата за испорака на храна, не обидувајте се да се натпреварувате со нив, туку понудете им нешто од што зависат сите “, вели тој.