Актерката Меган Фокс и музичарот Машин Ган Кели се смирија. Тие неодамна биле видени како се забавуваат на плажа на Хаваи.
На фотографиите кои ги објави „Page Six“ се гледа како парот шета држејќи се за раце, а во еден момент Машин ја носел Меган на грбот, при што таа не ја криела својата насмевка.
Неодамна извор за „Daily Mail“ изјави дека парот заминал на романтичен одмор и дека повторно се заедно.
За потсетување, Фокс во февруари оваа година ги избриша сите фотографии со раперот и со тоа отпочна гласини дека раскинале. Таа престана да го следи на Инстаграм, но го заследи Еминем, што дополнително ги поттикна гласините бидејќи двајцата се веќе со години во лош однос.
Американските медиуми пишуваа дека парот се обидува да ги реши своите проблеми и дека посетува советник за врски.
Меган и Машин Ган Кели ја започнаа својата врска во 2020 година, по нејзиниот развод од Брајан Остин Грин. Наводно тие се зближиле на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“, а се верија во јануари 2022 година.