Њу Ингалнд Патриотс ја освоија шестата титула во НФЛ откако ги победија Лос Анџелес Ремс со 13:3 во Супербоулот со најмалку поени во историјата. Со оваа победа Њу Ингланд предводен од Беличек и Брејд се изедначија со Питсбург Стилерс по бројот на трофеите во НФЛ.
Од самиот почеток стана јасно дека одбраните ќе го имаат главниот збор во ова финале. Во првата четвртина немаше поени, во вториот период Њу Ингланд Патриотс поведоа со филд гол. На полувремето се замина со предност за нив од 3-0.
Во второто полувреме Ремс со филд гол го изедначија резултатот на 3-3. Со тој резултат се влезе во последниот период. До крајот Патриотс реализираа уште еден филдгол, но и покрај тоа конечните 13-3 се најнеефикасен резултат во 53. годишната историја на Супербоулот.