Актерот Крис Хемсфорт неодамна соопштил дека поради ризикот од Алцхајмерова болест ќе направи пауза во кариерата, а синоќа бил награден со почесна награда на церемонија во Сиднеј.
„Кариерата во која уживав досега беше толку вредна и не ја земам здраво за готово приликата која на почетокот ми ја даде австралиската филмска индустрија. Ќе направам сè што можам нашата прекрасна екипа и креативци да ги претставам на останатиот дел од светот и да охрабрам големи продукции да соработуваат со нив. Се радувам што вечерва ќе го прославам ова прекрасно признание со моето семејство и пријатели“, изјавил актерот којшто на доделувањето на наградите присуствувал со сопругата Елза Патаки и родителите.
Хемсфорт дознал дека ги има сите копии на генот APOE4, по една од секој родител, односно дека е изложен на осум до десет пати поголем ризик од заболување од Алцхајмерова болест. Веста го дочекала на едно снимање на Дизниевата серија „Без ограничувања“.
„Не значи дека го напуштив актерството, но ова ме поттикна да направам пауза. Предноста на превентивните чекори е во тоа тие да влијаат во останатиот дел од мојот живот“, изјавил тој за „Vanity Fair“.
Крис и Елза се запознале во 2010 година преку нивниот агент – Вилијам Вард. Се венчале два месеци подоцна. Актерот подоцна кажал дека се заљубил во својата сопруга штом се сретнале. Го воодушевила нејзината смисла за хумор и животните ставови. Таа во 2018 година за „Vogue“ раскажала дека било ризично што нивната врска се одвивала толку брзо. Сепак, благодарение на нивната моќна љубов и тоа што и двајцата се јаки личност, успеале да го зачуваат бракот.
Ѕвездата на американскиот научно фантастичен-филм „Тор“, направен по стрипот на „Марвел“ за суперхеројот, Крис Хемсфорт и шпанскиот модел Елза Патики имаат три деца, ќерката Индија и синовите Тристан и Саша.
Кога се запознале и венчале неговата кариера била на високо ниво. Заедно достигнале светска популарност, а според пишувањето на „People“, во 2017 година таа занимавајќи се со моделинг годишно заработувала и по 75 милиони долари.
Елза е ќерка на публицист и биохемичарка, студирала новинарство и се занимавала со актерство, но поради децата се откажала од кариерата.